Филипче: Нема договор со ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, фотографијата на Маја со Сотир е од политичко неискуство
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче,на денешната прес-конференција рече дека нивниот кандидат од првиот круг за локалните избори во Карпош, докторката Маја Манолева, направила грешка од политичко неискуство со фотографирањето со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Костов.
- Имено разговарав со Маја, во текот на денот ќе се видиме. Таа веќе напиша објаснување на социјалните мрежи дека станува збор за политичко неискуство.Но јасно кажувам дека нема никаков договор за поддршка на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Тоа беше еден од кандидатите против кој ние се боревме, рече Филипче.
На прес-конференцијата тој истакна дека симпатизерите и членовите на СДСМ може да гласаат за кого сакаат по слободна волја онаму каде што опозициската партија нема свој кандидат во вториот круг и дека е многу важно да се намали поддршката на ВМРО-ДПМНЕ по број на гласачи во однос на парламентарните избори.
