ФИЛИПЧЕ: Некои пациенти потпишале дека не сакаат хоспитализација, па потоа доаѓаат кога е предоцна
Здравствените власти
во изминатиот период постојано повторуваат дека болеста не смее да се крие, да
не се седи дома, а потоа да се бара лекарска помош, бидејќи може да биде
премногу доцна. Таквите случаи најчесто завршуваат фатално.
И министерот за здравство, Венко Филипче, кој синоќа гостуваше во Канал 5, рече дека една третина од починатите од Ковид-19 предоцна побарале да бидат хоспитализирани. Смртта кај пациентите кои доаѓаат со најтешка клиничка слика, како што рече Филипче, настапува само еден ден, најдоцна пет дена по приемот во болница.
„Има и пациенти кои потпишале дека не сакат да се лекуваат во болница, па после доаѓаат во крајните стадиуми на болеста и тука за жал не може повеќе да се постигне. Третина од починатите лица доаѓаат доцна во болницата. Одговорно кажувам дека за секој пациент е апсолутно сè направено, од анализи, до терапија и сè друго“, рече Филипче.
За сега, според министерот, единствено Скопје останува жариште на корона вирусот. Во останатите градови состојбата се смирува. Вчера беа регистрирани 156 новозаразени со корона вирусот, а шест пациенти починаа.
