Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Негативна на корона е и 16 годишната пациентка

Филипче: Негативна на корона е и 16 годишната пациентка

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека резултатите на првозаболената пациентка со корона вирус се негативни на овој вирус.

Таа по втор пат е тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.

„Негативна на корона вирус е и 16 годишната пациентка со неспецифични знаци за горно респираторна болест. Во меѓувреме, тестирани беа и други двајца пациенти кои резултатите се исто така негативни на овој вирус. Здравствената состојба на шесте пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката“, информира Филипче.

На денешната владина седница, се усвоија нови дополнителни мерки за превенција од ширење на корона вирусот. 

Слично

Поврзани вести