Филипче не смее да соопшти колку дози од вакцините Фајзер ќе добиеме во февруари
Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека не смее да се објави колку дози од вакцината Фајзер ќе добие нашата земја.
„Од компанијата ме замолија да не објавуваме колку дози ќе стигнат. Инаку знаеме колку вакцини ќе добиеме. Тоа е една политика која успеа да имплементира. Тие водат сметка за целиот регион. Верувам дека пред нас ќе биде еден процес на имунизација“, истакна Филипче.
Овие вакцини ќе пристигнат во февруари во Македонија.Инаку, мирна новогодишна ноќ имале здравствените работници, а 10 луѓе завршиле на Токсикологија.
Слично
