Филипче не попушта, родителите во грч: дали да се вакцинираат децата или не?!
Остро на ставот стои министерот за здравство Венко Филипче кој повторно се пишмани околу задолжителната вакцинација.
Во април годинава министерството за здравство го промени ставот посочувајќи дека сепак нема да бараат вакцинирањето да биде услов за упис во училиште или градинка.
Сега повторно се ставаат родителите во грч.
-Никој нема право да го загрозува здравјето на останатите деца, и никој нема право да влијае на сите тие фактори кои што влијаат на јавното здравје-категоричен е министерот Филипче кој вели дека “од петни жили“ ќе се бори за ставот децата во градинките и училиштата да се примаат само вакцинирани.
Дел од родителите не запираат во својата намера да не ги вакцинираат децата.
“Значи, проблемот во Македонија каде се крие? Па, во тоа, што самите медицинари, односно имунолози,не ги признаваат аргументите за несаканите последици на вакцините кои што уредно ги пишува во секоја декларација на нивните производители. Нашите медицинари упорно не убедуваат дека сите вакцини се во ред и дека ниту една вакцина нема никаков несакан ефект, што е тотален апсурд и ноторна лага”, вели за Фактор М.Г., еден родители.Тие веруваат дека вакцините се виновници за аутизам кај многу деца, имунолошки и алергиски заболувања, па дури и смртоносни болести. Одлуката за вакцинација мора да биде оставена на родителот, затоа што одговорноста за здравјето на своето дете ја носи тој, смета Весна Башевска-Симонова, дипломиран фармацевт. Според неа, со самото тоа што производителот навел сериозни несакани реакции во упатството за употреба на вакцината, државата не може да гарантира дека нема да му се случи сериозна несакана реакција.
Ако во 1980 год. во САД на 10.000 деца едно заболувало од аутизам, денес на 50 деца едно е со аутизам. Нормално е да се бара причината за таа епидемија од аутизам и веќе постојат независни студии кои пронаоѓаат врска помеѓу аутизмот и вакцинацијата. Други стручни лица тоа го побиваат. Во ситуација кога медицината нема пронајдено конкретна причина и лек за овие болести, секоја држава треба да остави поединецот да одлучи дали ќе го вакцинира своето дете, потенцираат упатените во оваа проблематика.
