Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ: Не очекуваме некој голем наплив на пациенти во болниците во земјава

ФИЛИПЧЕ: Не очекуваме некој голем наплив на пациенти во болниците во земјава

Здравствените власти не очекуваат некој голем наплив на пациенти кои ќе треба да се лекуваат во болниците во земјава од КОВИД-19, изјави денека при посетата на Свети Николе министерот за здравство Венко Филипче. 

„Денеска на Комисијата за заразни болести ги анализиравме податоците од изминатите две недели, минатата недела имаше нешто поголем број на заразени, но не поголем од претходните три недели, значи трендовите се уште се во насока да е приближно ист процентот на новодијагностицирани од вкупно направените тестови и ист процентот на хоспитализирани од вкупниот број на новодијагностицирани. Капацитетите на болниците се менаџираат добро, и во однс на кадарот, со ротација, и во однос на слободни кревети. Во ‚ГОБ 8 септември' и натаму повеќе денови по ред има под 100 пациенти што се примени таму, 80 се лекуваат, а за другите се чекаат резултатите во следните денови. Во државава не очекуваме некој голем наплив на пациенти кои би биле за прием во болница, а во таа смисла на терен епидемиолозите продолжуваат со интензивно тестирање“, рече Филипче.

Тој денеска разговарал со претставници на ДИК, кои укажале дека во поглед на гласањето на болните од корона и оние што се во самоизолација, засега нема никаков проблем.

Слично

Поврзани вести