Филипче не ја негираше можноста за разрешување на Асани по скандалот со Веапоска
Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва во Топ Тема на Телма не ја негираше можноста за разрешување на директорот на струшката болница, Мухамед Асани, поради скандалозниот случај со родилката од Дебар и фактот дека поседува дива домашна ординација.
„Оставам само уште малку време, заради тоа што, заради сите други обврски, не направивме детален увид, но следната недела ќе излеземе со став” , изјави Филипче.
Медицинската сестра Јалдз Веапоска чии матка, јајник и бубрег беа извадени по породување во струшката болнница, порача дека правдата ќе ја бара додека е жива, иако Лекарката комора не нашла грешка кај лекарот. Таа е разочарана затоа што уште не се преземени мерки против Асани.
Слично
