Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ: Не е време за отворање на градинките

ФИЛИПЧЕ: Не е време за отворање на градинките

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека сега не е вистинско време да се отворат градинките, нагласувајќо дека бројот на нови позитивно секојдневно се зголемува. 

-Тешко е сега да кажеме точно време кога би се отвориле градинките, меѓутоа засега сигурно не, истакна министерот по посетата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, каде сега се примаат пациенти со КОВИД-19. 

За веќе спроведениот скрининг на вработените во градинките и најавите од пред одреден период дека тие ќе згрижуваат деца, Филипче рече дека во тој момент имало услови да бидат отворени, а скринингот се направил за да се заштитат децата.

-Одлука да се направи скрининг на вработените беше донесена во период кога стостојбата со коронавиусот дозволуваше да се размислува за отворање на градинките. Но со зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи сега во овој момент не е време да се отворат градинките, заради тоа што децата апсолутно се големи трансмитери на вирусот кон членови на своите семејства, рече министерот за здравство.


Слично

Поврзани вести