Филипче: Не е точна информацијата дека нема епидемиолог во дебарската болница
Mинистерот за здравство, Венко Филипче изјави дека не е точна информацијата која излезе во дел од медиумите дека нема епидемиолог во дебарската болница.
Објаснува дека во болницата во Дебар има епидемиолог и двајца инфектолози од Скопје, кои дојдоа во поддршка на локалните здравствени работници.
„Во моментов нема дефицит на персонал во болницата. Министерството за здравство е во постојана комуникација со болницата во Дебар и доколку се појави недостаток на лекари или персонал - итно ќе биде испратен од околните болници или од клиниките во Скопје. Апелираме да не се шират дезинформации и јавноста да се информира исклучиво од релевантните институции. Министерството за здравство е на располагање за одговор на секое прашање во кое било време“, пишува Филипче.
Во меѓувреме се чекаат резултати од тестирањата кои се направени денеска.
