Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче наводно го решил проблемот, но во Шуто Оризари повторно нема ниту еден гонеколог

Филипче наводно го решил проблемот, но во Шуто Оризари повторно нема ниту еден гонеколог

Иницијативата на жени од Шуто Оризари соопшти дека единствената гинеколошка ординација во оваа општина била преселена во скопската населба Сингелиќ и побараа од министерот за здравство Венко Филипче побргу да го реши проблемот.

„На 22.01.2020 година пред ординацијата на Д-р Вјолце Мбјара затекнавме известување дека ординацијата е преселена во друга општина, во населбата Сингелиќ. Ординацијата на Д-р Вјолце во Шуто Оризари моментално е затворена. Го прашуваме министерот за здравство, г-динот Венко Филипче, дали има предвидено решение за овој горлив проблем? Дали е склучен нов договор со друг гинеколог кој што ќе работи во самата општина? Доколку нема, предупредуваме за несаканите последици врз репродуктивното здравје на жените Ромки. Исто така потсетуваме дека доенечката смртност кај ромската популација е значително повисока во однос на неромското население“, објави иницијативата.

Од таму апелираат до надлежните институции, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, да изнајдат решение со цел да се надмине овој долгогодишен проблем.

„Како и сите жени, така и ние, жените Ромки, имаме право на еднаков и непречен пристап до услуги за репродуктивно здравје“, порачува иницијативата.

Инаку пред два дена министерот за здравство Филипче оствари средба со граѓаните на општина Шуто Оризари каде меѓудругото беше споменато дека ерегулиран проблемот со гинеколог кој долго го имаа жените во општината.


Слично

Поврзани вести