Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ: Најопасна варијанта на вирусот во моментов е индиската, но засега го нема ниту кај нас, ниту во регионот

ФИЛИПЧЕ: Најопасна варијанта на вирусот во моментов е индиската, но засега го нема ниту кај нас, ниту во регионот

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сега е навистина мал бројот на новодијагностицирани случаи, а тоа се чувствува и по притисокот во болниците. 

„Голем број ковид центри се вратени во нормална работа, тоа е практично цела хируршка клиника, добар дел од интерните клиники, а веројатно до крајот на оваа недела и целата зграда на интерните бклиники ќе биде вратена во нормална функција. Во нормална функција е вратен и Центарот за рехабилитација во Козле, како и детската болница во Козле“, рече министерот.

Капацитетот на исполнетост во болниците ширум државата е во просек меѓу 20 и 30 проценти, што значи дека само во инфективните одделенија или во модуларните одделенија во зависност од организацијата на работата, се третираат ковид пациенти. Ова значи дека спласнува притисокот на вирусот, а здравствените власти велат дека тоа го детектирале и во околните земји, односно во целиот регион има стивнување на состојбата. 

„Еден од заклучоците кој беше донесен на минатиот состанок на Комисијата за заразни болести беше дека овие мерки кои се сега на сила, треба да останат со важност до први јуни, односно и оваа и следната недела, а понатаму, во зависност од тоа како ќе се одвива епидемијата и дали овие добри трендови ќе продолжат и натаму, ќе се размислува евентуално да се одговори на некои барања на угостителските објекти“, објасни Филипче. 

Се уште е на сила препораката за карантин на сите патници од 14 дена кои доаѓаат од Индија, Африка и Јужна Америка. 

„Нашите сознанија говорат дека најопасна варијанта во моментов на вирусот е индиската, која е нешто понтагиозна, има дупла мутација на спајкот на протеинот. Но, засега, ниту кај нас, ниту во регионот, ниту во регионот на ЈИЕ, нема некаква најава дека нешто подраматично се случува во смисла на влошување, но сепак, будно ја следиме ситуацијата“, рече министерот. 

Вакцинацијата добро се одвива, близу 200.000 граѓани се вакцинирани, 30.000 се ревакцинирани, што значи близу 220.000 дози се аплицирани. 

Според Филипче, во овој момент се вакцинираат сите граѓани кои се пријавени на системот вакцинација.мк, над 40 години, дополнително, се вакцинираат граѓаните над 65 години од оние кои беа дополнително пријавени после први мај.

„Вакцините се дистрибуираат согласно бројот на пријавени граѓани и еден мал дел што се приоритизира како групи, а тоа се пациенти кои се на дијализа, трансплантирани пациенти, а понатаму ќе се прават расппореди согласно препораките на Комитетот за имунизација за вакцинацијата следната недела“, рече Филипче. 

Тој нагласи дека последната најава преку кинеската амбасада од вчера и денеска е дека вакцините на Синовак треба да стигнат на почетокот на јуни. 

„Во јуни се очекуваат и 100.000 фајзерови вакцини преку системот КОВАКС, а се уште ја немаме динамиката за пристигнување на Фајзер преку нашиот директен договор. Преку претсавници на Руската вакцина има најави за пристигнување на руската вакцина до крајот на мај кои не ни се докрај потврдени. И оваа динамика на пристигнување по 10.000 вакцини од нашиот директрен договор и системот на солидарност од ЕУ секој понеделник во неделата, до крајот на мај“, најави министерот, додавајќи дека со оглед на овие најави, се прават и распоредите за вакцинација и термините што ги добиваат граѓаните. 

Според министерот, има доволно вакцини стигнати во земјава за да се задржи сегашното темпо на вакцинмација, а можно е другата недела вкупниот број вакцинации дури и да се зголеми затоа што на ред доаѓаат ревакцините. 

Досега се вакцинирани 43 отсто граѓани над 70 години, и тоа се сите пријавени. Нивната вакцинација ќе заврши оваа недела. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести