Филипче: Најголем број од заразените се над 60 години, и смртноста кај овие пациенти е највисока
Во овој период има 303 помалку новозаразени случаи, 8 помалку смртни случаи, како и 216 повеќе оздравени пациенти, во споредба со анализите
од извештајот направен од 20. до 28. јуни, истакна министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Тој наведе дека во изминатата недела има вкупно околу 860 случаи, што е помалку од 1.000 случаи во
просек претходните 3 недели. И минатата недела инциденцата е пониска. Р0
факторот на преносливост во изминатите 10 дена, само 2-3 дена е 1, а останатиот
период е 0.9.
-Во наведениот период има заболени лица од сите возрасни групи, најмногу од лица
над 60 години, изразено во проценти изнесува 26 %. И смртноста во оваа група е висока. Има 57 смртни случаи од 10 града на пациенти повозрасни од 60 години, а дури 44 од нив имале други хронични заболувања, истакна Филипче.
Инаку, Скопје и Тетово се уште се главни жаришта на вирусот во Македонија.
Министерот нагласи дека стратегијата на широко интензивно тестирање и контакти на позитивните по
индикација, дава резултати. Во просек има околу 8000 тестови неделно. -Овој
пристап овозможува да имаме широк увид во состојбата и ширењето на вирусот.
Овој систем помага да ја стабилизираме ситуацијата во двете жаришта. Како
резултат на ова имаме рана детекција на симптоматски случаи и нивно изолирање
на што работат сите центри за јавно здравје. Во следниот период продолжуваме со иста стратегија, граѓаните да соработуваат
со здравствените работници, да даваат точни податоци за епидемиолошките анкети, рече Филипче.
Во однос на состојбата, на Инфективна клиника во последните 24 часа има 5 нови
пациенти, вкупно 90 хоспитализирани, на кислородна поддршка 53. Има 20-тина
кревети во самата клиника на располагање. Во Козле се хоспитализирани 29 пациенти, возрасни и 4 деца. Во 8-ми септември 6
нови пациенти, вкупно 122 пациенти, на респираторна машина се 3. 88 се
потврдени позитивни. Во болницата во Битола 37, во Штип 45 и во двете има слободни кревети. На
инфективни одделенија во Тетово, Охрид, Прилеп, Куманово, Велес и Гостивар 94
вкупно хоспитализирани пациенти и секаде има слободни кревети. Целосно се заврши инсталацијата за довод на кислород во модуларната болница и
сега е спремна да прими пациенти. Заврши постапката за ист таков тип модуларна
амбуланта и евентуално сместувачки капацитет до Клиниката за пулмологија, за
следниот период.
А.Б.
