Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче најави дека експерти од странство ќе се вклучат во истрaгата за пожарот во Тетово

Филипче најави дека експерти од странство ќе се вклучат во истрaгата за пожарот во Тетово

Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес - конференција изјави дека истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово трае. 

Ќе се вклучат и експерти од странство, со цел да има независна и темелна истрага. Вели дека никој нема да биде изземен доколку се утврди одговорност. 

„Биле хоспитализирани 26 пациенти. 12 пациенти кои се евакуирани безбедно во моментот се хоспитализирани во болницата во Тетово и тие се во стабилна состојба. Нема повредени или починати здравствени работници“, рече Филипче. 

На возраст од 29 до 79 години се 14-те починати. Министерот вели дека истрагата ќе покаже дали објектот бил добро одржуван. Toj ги повика медиумите и граѓаните да не создаваат паника. 

Слично

Поврзани вести