ФИЛИПЧЕ: Наесен е можен нов пик, но ако се постигне имунитет ќе биде далеку послаб од претходните три
Предвидувањата велат дека е можно наесен да имаме нов пик на пандемијата на коронавирусот, но во зависност од степенот на постигнат имунитет, се очекува тој да биде далеку послаб од претходните три брана.
Ова министерот за здравство Венко Филипче го вели во интервју дадено за Нова.
На прашањето дали има некакви претпоставки и кои се неговите реални очекувања од вакцинацијата, дали таа ќе стави крај на агонијата и кога, но и кои се следните планови на Министерството во однос на ова прашање, министерот одговара.
„Ковид-19 вирусот многу пати ги демантираше сите предивудвања и пргознози на експеритите низ целиот свет, така што секое предвидување е лотарија. Се соочивме со најголемата здравствена криза во поновата историја и за жал, светот претрпе огромни загуби во човечки животи, но и непоправливи економски последици. Јас сум оптимист дека најстрашното е зад нас, бидејќи сега го имаме најсилното оружје против вирусот – вакцината. Нема да бидам скромен и ќе кажам дека подготвивме ефикасен систем на вакцинација и просеците од над 10.000 вакцинирани дневно се нешто на што се гордеам заедно со целиот тим. Со оваа динамика на вакцинирање и растечкиот интерес на граѓаните за вакцинација, до почетокот на есента ние ќе го вакцинираме најголмиот дел од населението и со тоа ќе бидеме подготвени да го амортизираме евентуалниот есенски бран. Предвидувањата велат дека е можно наесен да имаме нов пик, но истиот во зависност од степенот на постигнат имунитет да биде далеку послаб од претходните три брана. Затоа, наш фокус е во следните месеци да вакцинираме што поголем број граѓани и затоа ќе ја искористам оваа прилика уште еднаш да повикам сите масовно да се пријавуваат за вакцинирање бидејќи други излез и спас од оваа криза не постои“, вели Филипче.
