Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ НА ЗАЕДНИЧКА НА МАСА СО ЖЕНИТЕ ОД СДСМ ОД РАДОВИШ: Заслужуваат поддршка и достоинствен живот, а не популизам

ФИЛИПЧЕ НА ЗАЕДНИЧКА НА МАСА СО ЖЕНИТЕ ОД СДСМ ОД РАДОВИШ: Заслужуваат поддршка и достоинствен живот, а не популизам

Лидерот на СДСм Венко Филипче денеска бил на срдечна средба со жените од Радовиш од неговата партија.
„Со претставничките од Форумот на жени на СДСМ во Радовиш разговаравме за важноста од економско и социјално јакнење на жените.

СДСМ е единствената партија која вистински се грижи за напредокот на жените.

Седум години вложувавме во економска независност и достоинствен живот на жените – преку повисоки плати, поддршка за самовработување и силни социјални мерки.

Со ВМРО-ДПМНЕ, позицијата на жените е уназадена и доведена во ризик. Десет месеци нема ниту една нова социјална мерка. Ја доведоа во неизвесност социјалната сигурност на жените. Платите, особено во индустриите каде што најмногу работат жени, остануваат ниски, а нивниот труд не се вреднува. Власта нема слух за достоинствен раст на минималната плата.

Жените заслужуваат сигурност, поддршка и достоинствен живот – а не популизам.

СДСМ секогаш гледа напред и ќе се бори за рамноправност на жените, за економски силни и независни жени – затоа што тие се силата за напредок на секое општество.


Слично

Поврзани вести