Филипче на историска операција за македонското здравство: Вграден стимулатор на нервен вагус
На Клиниката за неврохирургија денеска кај 36 годишна пациентка бил успешно вграден стимулатор на нервот вагус. Оваа хируршка метода за првпат се воведува кај нас како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија, која тешко се контролира со лекови.
Операцијата денеска ја изведоа министерот за здравство неврохирург д-р Венко Филипче, д-р Владо Башчаревиќ од Клиниката за неврохирургија во Република Србија,каде оваа метода е веќе позната, неврохирургот д-р Владимир Рендевски директор на Клиниката во Скопје. Од Клиниката за неврологија д-р Емилија Цветковска и д-р Бојан Бошковски, со поддршка на директорот на Клиниката д-р Иван Барбов„Операцијата опфаќа имплантација на мал електростимулатор кај пациентот, кој апарат го стимулира вагусниот нерв и тој ја намалува зачестеноста на епилептичните напади кои кај овие паценти знаат да бидат и по десетина на ден. Електростимулаторот безжично се подесува во зависност од пациентот. Оваа хируршка интервенција денеска ќе се изврши кај уште тројца пациенти, а во текот на наредните денови стимулатор на нервот вагус ќе се вгради кај уште двајца пациенти со тешка форма на епилепсија, стои во соопштението.
Министерството за здравство заедно со ФЗО на РСМ оваа хируршка метода ја ставија како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија. Со ова, велат од Министерството се подобрува животот на овие пацинети, и им се овозможува лекување дома, бидејќи досега за ваков вид на хируршка интервенција оделе во странство. Пациентката кај која денеска беше изведена првата операција се разбудила и добро се чувствува.
