Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама: Социјалдемократските вредности имаат доверба кај граѓаните
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, му ја честиташе извесната уведлива победа на Еди Рама и неговата Социјалистичка партија на парламентарните избори во Албанија по вчерашното гласање.
„Искрени честитки до Еди Рама и нашата сестринска Социјалистичка партија за убедливата изборна победа. Му посакувам многу успех во новиот, четврти мандат. Убеден сум дека соседна Албанија ќе продолжи по патот на напредокот, стабилноста и европска интеграција.
Оваа победа е уште една потврда дека граѓаните имат доверба во социјалдемократските вредности и прогресивните политики. Со Еди очекувам продолжување на одличната соработка меѓу нашите партии и зацврстување на пријателските односи меѓу Македонија и Албанија“, објави Филипче.
Слично
