Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Можно е да се прошири критериумот за влез на други места и настани

Филипче: Можно е да се прошири критериумот за влез на други места и настани

Венко Филипче, министерот за здравство, во прилог на вестите на Канал 5 рече дека заедно со Комисијата за заразни болести во текот на неделата ќе се дискутира за проширување на рестриктивните мерки против Ковид-19.

Филипче како една од опциите го спомена и проширувањето на, како што вели, критериумот за влез и за други места и настани.

Пред два дена Министерот нагласи дека доаѓа периодот на слави и семејни собирања, заради што сосема слично како и лани, апелираше, граѓаните или воопшто да не ги прават ваквите собирања или пак тоа да се направи во кругот на семејството, само најблиските.

-Дел од членовите на Комитетот за заразни болести имаат обврска да направат, да истражат, како е ситуацијата во околните земји со цел да видиме дали некоја мерка дава резулатати или не. И тоа е многу битно, да се логични мерките, да може да се имплементираат и да може да се спроведуваат и да може да се контролираат. За тоа што се прави во регионот и какви се ефектите од тоа ќе дискутираме следната недела, рече Филипче во петокот.



Слично

Поврзани вести