ФИЛИПЧЕ: Молкот на Мицкоски за нападот врз Данела зборува погласно од зборовите
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го осуди нападот кој денеска се случи во Чаир врз скопската градоначалничка Данела Арсовска.
„Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда. Молкот понекогаш зборува погласно од зборовите. И не се работи само за напад врз градоначалничката и службениците од Градот. Се работи за тоа дали секој од нас може без страв да се спротивстави на криминалот. Пораката што власта ја испраќа е дека секој кој ќе се обиде да го обелодени нивниот криминал ќе се соочи со опасност по личната безбедност. Ова е страшно и недозволиво. За една година безбедносната состојба во државата катастрофално се влоши. Безбедноста на граѓаните, правдата, заштитата од институциите практично не постојат. Ова е нешто што треба сериозно сите да нè загрижи“, вели Филипче.
Бара итно да се осудат насилниците и бара итно да се поведе постапка против службениците на МВР кои не постапиле и не ги заштитиле претставниците на Градот.

