Филипче: Мицкоски го имитира Вучиќ, дури и во движењата
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната партиска прес-конференција речедека премиерот Христијан Мицкоски го имитира однесувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и дека тоа може да се препознае и во самите гестикулации.
„Очигледна е соработката на оваа власт со српската власт на Александар Вучиќ и на СНС, односно лично со него. На граѓаните веќе им паѓа во очи како премиерот Мицкоски сака да го имитира претседателот Вучиќ, во движењата, во стоењето, во начинот на давање изјави и во концептите на политиката. Прекарот веќе го доби, малиот Вучиќ“, рече Филипче.
Според него, моделот на владеење што се применува во Србија сѐ повеќе се пресликува и кај нас.
„Тоа што го прави Вучиќ во Србија, премиерот Мицкоски се обидува да го направи кај нас – еден човек да ја претставува целата политика и целата партија, а сите други да ги извршуваат неговите наредби“, рече Филипче.
Тој потсети на случувањата во Србија по трагедијата во Нови Сад и на протестите кои следеа, укажувајќи дека таму дијалогот е речиси невозможен, а општеството длабоко поделено.
„Во Србија тоа оди до ниво на судири, а земјата се соочува со економски колапс и целосна изолација од Европа. Истата опасна матрица денес се применува и во Македонија“, предупреди Филипче.
Слично
