Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Лично немам проблем да се вакцинирам и со вакцината на АстраЗенека

Филипче: Лично немам проблем да се вакцинирам и со вакцината на АстраЗенека

Будно следиме, препораките од самите производители и одлуките во одредени земји. Врз основа на тоа ги градиме нашите препораки, изјави министерот за здравство, Венко Филипче за вакцините при гостување во емисијата Топ Тема на Телма.

Тој додаде дека лично нема проблем да се вакцинира со која било вакцина, бидејќи како што нагласи сите се безбедни.

„Немам проблем да се вакцинирам со која било вакцина. Сите вакцини се безбедни. Лично немам проблем да се вакцинирам и со вакцината на АстраЗенека“, изјави Филипче.

По одлуката на Данска, Норвешка и Исланд да ја прекинат вакцинацијата со вакцината на АстраЗенека, Германија и Франција соопштија дека ќе продолжат да ја користат оваа вакцина на британско-шведскиот производител.

Данска одлучи да престане да ги вакцинира своите граѓани со АстраЗенека 14 дена, поради појава на згрутчување на крвта кај некои вакцинирани лица, но и смрт на едно лице, иако во овој момент не е можно да се утврди дали постои врска помеѓу вакцината и згрутчувањето на крвта, известуваат од Копенхаген.

Слично

Поврзани вести