ФИЛИПЧЕ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА СО КИНЕСКАТА ВАКЦИНА - можно е тоа да биде веќе следната недела
Министерот за здравство Венко Филипче, како што и утрово најави, ќе се вакцинира со кинеската вакцина.
Можно е тоа да биде органзирано уште следната недела, рече Филипче во разговор за телевизијата Канал 5.
„Би сакал да бидам пример и да ги уверам граѓаните дека кинеските вакцини се безбедни и затоа би сакал да го дадам мојот личен пример. Веројатно тоа би можеле да го организираме и следната недела“, рече министерот Филипче.
Од вторник стратува вакцинација според возрасната структура и критичната инфраструктура во земјава, бидејќи, како што рече министерот, тие се најранлива категорија граѓани.
Сите 150.000 преостанати граѓани кои не се вакцинирани а се пријавени преку вакцинација.мк, ќе бидат повикувани преку смс или мејл.
