Филипче ќе подели 40.000 бесплатни маски против загадениот воздух
Министерството за здравство ќе подели 40.000 маски за заштита од загадениот воздух за хронично болни пациенти и на оние на кои најмногу им треба, вели во интервју за Фактор, министерот Венко Филипче. Набавката е завршена, а кога била направена, имало обврска маските да не се повлечат веднаш. Сега министерот вели дека ќе почне повлекувањето и истовремено и поделбата на маските.
„Направивме набавка без обврска да ги повлечеме и сега ќе ги активираме. Ќе им се даваат на хронично болните кои имаат проблем со белите дробови. Ќе бидат поделени околу 40.000 илјади маски, вели Филипче.
Најавивте доста реформи, за нив зборувате и јавно. Интервјуто го правиме во време кога градов и некои други во државата рушат рекорди по загаденост. Вие сте министер, доктор, ама сепак жител на оваа држава. Ви пречи ли, кои се опасностите и дали мислите дека справувањето со проблемот бара појака акција?
„Секако дека има реперкусија на здравјето, меѓутоа ова е прва Влада која презема нешто конкретно. Прво, се оддели голема сума пари за да се заменат системите на греење во одредени домаќинства. Анализите покажуваат дека генератори на загадувањето се најмногу системите за греење, јавниот превоз и индустријата. Од некаде мора да се почне и знаете дека решението не може да дојде брзо. Сепак сакаме да сме сигурни дека сме почнале да го решаваме проблемот и дека тоа го правиме на најдобар начин. Гасификацијата добро напредува. Веќе се заврши постапката за гасификација на болницата во Чаир. Во прв момент кога ќе се заврши комуникацијата меѓу општина Куманово и болницата во Куманово, ќе се подготви проектот и ќе има тендер за гасификација на оваа болница. Проблемот бара системско решавање и верувајте се базира на стратегија и на претходни анализи, вели министерот.
Целото интервју овде.
