Филипче ќе испрати писма до амбасадорите и до функционери во ЕУ за „системското демонтирање“ на евроатлантската иднина на Македонија
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека ќе испрати писма до амбасадорите, како и до високи функционери на Европската Унија(ЕУ) и НАТО, во врска со, како што рече, „системското демонтирање“ на евроатлантската иднина на Македонија, благодарение на изјавите и ставовите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Ова е намерен обид да се онеспособи остварувањето на стратешката цел – интеграција во Европската Унија, додека истовремено се саботира фундаменталниот национален интерес за евроатланска интеграција“, изјави Филипче.
Реакцијата на СДСМ доаѓа откако премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати каква било „авантура“ без јасен крај на процесот и без, како што нагласи, гаранции за човековите права на македонската заедница во Бугарија.фото принтскрин
Слично
