ФИЛИПЧЕ: Ќе го почекаме ставот на членовите на Комисијата, но лично сметам дека не се потребни никакви рестрикции
Министерот за здравство Венко Филипче смета дека епидемиолошката состојба во земјава е мирна и дека летово нема потреба од воведување на рестрикции поради делта сојот.
„Ќе почекаме да видиме каков став ќе имаат членовите на Комисијата за заразни болести, но јас лично сметам дека ситуацијата е прилично мирна и нема знак дека може да има влошување. Не само по бројот на позитивни случаи туку и бројот на прегледи како и по приемите во болниците. На Инфективната клиника не се јавуваат пацинети за преглед што значи дека нема наплив, ја следиме ситуацијата и во регионот и земјите каде летуваат нашите граѓани. Сметам дека летово не требе да се вовдеуваат никакви рестрикции како за влез и излез од земјава или забрана за настани и собири“, вели Филипче во Утрински Брифинг.
