Филипче: Кинеските вакцини пристигаат многу брзо
Авансот за вакцината Синофарм го повлековме за наша сигурност, но тоа не значи дека вакцините нема да стигнат, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на Канал 5 телевизија.
„Со оглед на тоа што самиот процес траеше подолго време од тоа што сите ние на почетокот планиравме, понатаму се бараа многу дополнителни документи, нешто што се случува практично со сите земји и на тоа практично многу често ни укажуваат, затоа се врати делот од средствата меѓутоа навистина преговорите овие денови, па дури и за време на викендот се во последна фаза и мислам дека целокупниот процес ќе се заврши и навистина вакцините за многу кусо време ќе пристигнат во нашата земја“, рече Филипче.
Во однос на вакцините преку КОВАКС механизмот, министерот истакна дека тоа што го имаат добиено како информација од нив е дека 20 до 30 илјади вакцини ќе стигнат во првиот квартал.
