Филипче кажа колку соеви на коронавирусот се присутни во земјава
Присутни се два, три соја на вирусот, a вакцинацијата и превенцијата важат за сите соеви, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Објасни дека е важно да се почитуваат мерките, носење на маската, одржување на дистанцата, дезинфекцијата на рацете.
„Граѓаните мора да го имаат ова на ум и да имаат на ум дека станува збор за нивното здравје и кога е во прашање вакцинацијата, но и кога се во прашање превентивните мерки“, изјави Филипче.
За Тетово каде порасна бројот на заболени вели дека не се размислува за карантин или други рестриктивни мерки.
Можно е наесен да има рестрикции за невакцинираните граѓани.
Слично
