Филипче кажа како се подготвуваат за вториот бран
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција изјави дека се подготвуваат за вториот бран кој се очекува наесен, така што ги опремуваат одделенијата за интензивна нега.
За отворањето на границите, вели дека се разгледуваат неколку опции кои се дефинираат.
Се чека одговор од јужниот сосед за тоа како ќе се минуваат границите, и дали тоа ќе биде без тестови за коронавирусот.
Министерот рече дека од повеќе фактори зависи како ќе олабавуваат мерките.
Коронавирусот однесе уште две жртви во земјава. Починатите се од Скопје и од Тетово. Се работи за луѓе кои имаат над 70 години.
Слично
