Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче ја поздрави одлуката на Пендаровски за вонредна состојба

Филипче ја поздрави одлуката на Пендаровски за вонредна состојба

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва ја поздрави одлуката на претседателот на државата, Стево Пендаровски да прогласи вонредна состојба од 30 дена. 

„Сега Владата ќе може брзо и ефикасно да управува со ресурсите на државата и навремено да реагира на предизвиците кои ни претстојат и на здравствен и на економски план.

ℹ Што значи вонредна состојба?

Вонредна состојба значи дека Владата добива и Законодавна и Извршна власт. Со тоа, се олеснува работата на Владата во време на кризи и истата може да носи одлуки за добро на граѓаните многу побрзо и поефикасно.

ℹ Како Владата го прави тоа?

Преку носење на Уредби со сила на закон, кои важат само додека трае вонредната состојба.

ℹ Дали ќе има полициски час или ограничување на движењето?

Во овој момент нема таква одлука, следете ги сите понатамошни одлуки на Владата и ќе бидете информирани за евентуални ограничувања на движење.

ℹ Дали треба да направам резерви на храна?

Не, во државата има доволно резерви и на храна. Останете во своите домови, не излегувајте доколку немате потреба и купувајте онолку колку што ви треба.

Придржувајте се до мерките и препораките, само тако побрзо и полесно ќе ја надминеме оваа состојба“, пишува министерот. 

Вонредна состојба е прогласена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, од кој се заразени 35 македонски граѓани, а се вршат и нови тестирања. 

Слично

Поврзани вести