Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ ЈА ОСУДИ ИЗЈАВАТА НА КОСТАДИНОВ: Бара реакција од македонската Влада и ЕУ

ФИЛИПЧЕ ЈА ОСУДИ ИЗЈАВАТА НА КОСТАДИНОВ: Бара реакција од македонската Влада и ЕУ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги осуди иредентистичките изјави на претседателот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов. 

Тој денеска побара реакција од Софија и осуда од Европската Унија(ЕУ). 

„Најостро ги осудувам иредентистичките изјави на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, со кои тој го поткопува суверенитетот и достоинството на Република Северна Македонија и негира посебниот македонски етнички идентитет. Негирањето на посебноста на македонскиот јазик, идентитет и историја претставува директно кршење на принципите на меѓународното право и основните вредности на Европската унија“, изјави Филипче.

Претседателот на СДСМ очекува македонската влада итно да соопшти конкретни мерки за спречување на ваквите иредентистички изјави и активности и да преземе активности за заштита на македонското национално достоинство и интереси.

Припојување на Македонија и Јужна Бесарабија кон Бугарија, бара лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов. 

Инаку, Костадинов и претходно изјавуваше дека Македонците и Бугарите се еден народ. 

фото Фејсбук/Венко Филипче

Слично

Поврзани вести