Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ: Извештајот на ЕП е досега најлошиот и нотира влијанија од Србија, Унгарија, Кина и Русија

ФИЛИПЧЕ: Извештајот на ЕП е досега најлошиот и нотира влијанија од Србија, Унгарија, Кина и Русија

Според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, извештајот на Европскиот Парламент(ЕП) е досега најлошиот за Македонија и нотира влијанија од Србија, Унгарија, Кина и Русија. 

„Во извештајот јасно стои дека Македонија е погодена од странско мешање и дезинформациски кампањи, вклучувајќи хибридни закани, стратешка корупција, сомнителни финансиски текови и принудни инвестициски практики, особено од Русија и од Кина. Понатаму се говори дека Европската Унија е алармирана за улогите на Унгарија и на Србија во ширење на геополитичките цели на Русија и Кина на Балканот“, рече лидерот на СДСМ.

Вели дека последниот извештај на ЕП е практично најлошата оценка што нашата земја ја добила во последната една деценија.

Првата критика кон власта се однесуваше на слабата реализација на средствата од Планот за раст што земјава ги доби од Европската Унија, во рамките на оваа претпристапна програма на Брисел за земјите од Западен Балкан, меѓу кои е и Македонија и наместо нивно искористување форсира сомнителни директни заеми.

Вториот сегмент на кој се осврна лидерот на СДСМ е за извештајот за напредокот на земјава подготвен од известувачот за земјава во Европскиот парламент Томас Вајц, кој на 24 јуни помина во Комисијата за надворешни работи на ЕП (АФЕТ), но допрва треба да биде изгласан на пленарна седница на парламентот.

Овде во фокусот на Филипче не беше придавката „современ“ пред македонски јазик која сè уште постои можноста да биде вметната преку амандмани во текстот што ќе се гласа на пленараната седница на ЕП што треба да се одржи од 7 до 10 јули. 

фото СДСМ

Слично

Поврзани вести