Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче излегува од самоизолација, се враќа на работа

Филипче излегува од самоизолација, се враќа на работа

Министерството за здравство информира дека и вториот резултат од тестирањето на министерот за здравство Венко Филипче е негативен на коронавирус.

„Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на ковид-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот. Со ова, практично, завршува мојата 14-дневна изолација која ја спроведов на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик. Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и се функционираше беспрекорно. Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство. Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронавирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката“, потенцираше министерот Филипче.

Министерот беше во изолација откако беше на средба во Куманово со градоначаникот Максим Димитриевски кој подоцна беше позитивен на коронавирусот.

Тој случај отвори многу дебата во јавноста.

Максим Димитриевски заразен

Премиерот и министрите заминаа во домашна изолација.

Кој кого покани во КУманово и кој ја организираше средбата.

Инспекторатот испитуваше кој е крив.

Димитриевски беше негативен на други два теста.

ДЗСИ утврди пропусти, Димитриевски ќе биде казнет.


Слично

Поврзани вести