Филипче: Иван на кого му беше пресадено срце е буден и се чувствува добро
Министерoт за здравство Венко Филипче, објави дека Иван на кого му беше пресадено срце од починат донор е буден и се чувствува добро.
„По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган. Докторите максимално посветено ќе го водат низ овој процес, да им посакаме среќа на сите. Верувам дека овој историски подвиг на македонското здравство, овој највисок акт на човечност и хуманост, ќе ја подигне свеста за органодарителството и ќе имаме уште многу успешни трансплантации.*фотографијата е објавена со согласност“, напиша Венко.
Иван им е бескрајно благодарен на семејството Диневи за нивната човечност.Емилија Динева од Дојран е донорот на органите, со кои се изврши трансплантација на срце.
Нејзиното срце и бубрезите спасија три човечки животи.
Слично
