Филипче: Институциите работат на тоа да се најдат локации за државен карантин
Се бараат локации за државен карантин.
Mинистерот за здравство, Венко Филипче изјави дека некои државни институции во согласност со вчерашната одлуката на Владата, работат на тоа да се најдат локации за државен карантин.
„Тогаш кога не работеа хотелите ги користевме тие капацитети, меѓутоа во рамките на слободните државни капацитети верувам дека ќе се најде место. Една од опциите беше Домот во Демир Капија и беше сосема солидно место за сместување. За брзо ќе се најде такво решение. Во смисла на некакви дополнителни мерки во дел на границите засега не размислуваме“, изјави Филипче.
Луѓето кои ќе се вратат од Африка ќе мора да одат во карантин. Властите се одлучија на ваква мерка откако сопружници од Битола се вратија заразени од Занзибар, и се стравуваше дека се заразени со јужноафриканскиот сој. Но, потоа се потврди дека се работи за британскиот сој. Јужноафриканскиот сој го има во земји од регионот, и тоа Грција, Хрватска, Словенија. Се смета дека овој сој е отпорен на вакцините. Од вчера во Македонија е воведен полициски час. Во земјава вчера имаше над 900 заразени со коронавирусот.
Слично
