Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Имаме уште една почината пациентка на 66 годишна возраст

Филипче: Имаме уште една почината пациентка на 66 годишна возраст

Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека имаме уште една почината пациентка на 66 годишна возраст од Дебар. 

Таа имала хипертензија, а беше на респираторна машина. 

Бројот на заразени е 177. Од денес ново е тоа што има заразени во Прилеп и Велес. 

Тестирани се 4 лица, и за нив ќе има ново тестирање. 

Ако и тој тест е негативен, пациентите ќе бидат пуштени на домашно лекување. 

Од новите 29, пет лица се од кожната клиника. 

Тие се во добра општа состојба. 

„Добро е што дел од пациентите се откриваат во рана фаза, на тој начин здравствениот систем ги амортизира“, рече Филипче. 

Нагласи дека има и случаи каде заразените немаат симптоми. 

Слично

Поврзани вести