Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче има совет околу доењето за мајки заразени со коронавирусот или сомнителни

Филипче има совет околу доењето за мајки заразени со коронавирусот или сомнителни

Првиот човек на македонското здравство, Венко Филипче има совет до мајките кои се позитивни на коронавирусот и ги дојат своите бебиња. 

Тој советот го сподели на социјалната мрежа Фејсбук.

„Мајките кои се суспектни или COVID-19 позитивни можат безбедно да ги дојат своите бебиња, треба и пожелно е, бидејќи ако се престане со доењето, ќе се намали и количеството мајчино млеко, а со тоа и заштитните фактори коишто ги содржи. Мајчиното млеко содржи антимикробни фактори: секреторен ИгА, ИгМ, ИгГ, олигосахариди, лизозими, леукоцити и таканаречени цитокини и антиинфламаторни фактори“, информира Филипче.


Од Светската здравствена организација потврдија дека коронавирусот не се пренесува преку мајчиното млеко. 

Една третина од населението не може теоретски да добие коронавирус. Оваа оптимистичка проценка на светските истражувачи би можела да донесе нова надеж на сите, ако се има предвид фактот дека повеќе од 30 проценти од луѓето имаат Т-клетки, кои штитат од вирусот КОВИД-19, е потврдено од страна на поширок круг на испитаници.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-1, Виница-1.

Слично

Поврзани вести