Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ ИМА ПОТВРДА ОД НЕГОВИОТ ГРЧКИ КОЛЕГА: Од првите дози вакцини, Грција ќе одвои дел за Македонија

ФИЛИПЧЕ ИМА ПОТВРДА ОД НЕГОВИОТ ГРЧКИ КОЛЕГА: Од првите дози вакцини, Грција ќе одвои дел за Македонија

Министерит за Здравство, Венко Филипче уште еднаш повтори дека ресорното министерство преговара по три механзими за набавка на 833.000 вакцини против Ковид 19, а веќе во петокот како што кажатој во гостувањето на ТВ Сител, Грција потврдила дека дел од првата пратка на вакцини што ќе стигнат во Атина ќе и даде на нашата земја.

-Во петокот добивме потврда од Грција, имав разговор со грчкиот минисер за здравство, којшто после разговорот со премиерот Мицотакис потврди дека од нивната прва количина, којашто ќе стигне во Атина за нивното население, една количина ќе одвојат и за нас. Практично ги користиме сите инструменти вклучувајќи го и Ковакс механизмот  којшто ни беше прв на располагање и секако преку овие директни договори со останатите земји членки на ЕУ да обезбедиме одредена количина вакцини и за нас  - рече Филипче.

Веќе минатата недела е платен авнасот за вакцините против Ковид 19, со што Македонија обезбеди банкарска гаранција дека ќе биде исплатена целата сума.

-Освен оваа набака преку Ковакс механизмот, остварен е и директоен контакт со Фајзер и Астра Зенека. Третиот механизам е преку Европската Унија, таа нарача 200 милиони вакцини за земјите членки и уште дополнителни 100 милиони дози за земјите надвор Унијата. Ние аплицираме за 800.000 дози и од овие 100 милиони дози.Вакцината ќе биде бесплатна за сите граѓани, рече министерот Филипче.


Слично

Поврзани вести