Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Има помали кластери во контакт со овие постоечките

Филипче: Има помали кластери во контакт со овие постоечките

Има други помали кластери во контакт со овие постоечките, изјави министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција. 

Минатата недела беше соопштено дека има 40 кластери во земјава, од кои половина беа од Скопје. 

Министерот рече дека оваа недела ќе има состанок со градоначалниците и ќе се зборува за справувањето со пандемијата. 

Лекот авиган е добиен од Јапонија, и тој дал добри резултати во странство при лекување на заболените. 

Во последното деноноќие има 90 нови позитивни на корона вирусот но, загрижувачка е бројката на починати. Денеска нивниот број е 9, односно пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.


Комисијата за заштита од заразни болести денска и утре ќе разговара за можноста за отворање на граничните премини без задолжително прикажување на негативен ПЦР тест и карантин од 14 дена.

Слично

Поврзани вести