Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИЛИПЧЕ: Има нејасни сегменти за поделбата на министерствата

ФИЛИПЧЕ: Има нејасни сегменти за поделбата на министерствата

Според пратеникот Венко Филипче, има нејасни сегменти за поделбата на министерствата.

Откако помина Законот за распределба на министерствата во новата влада, Филипче во Собранието изјави дека постојат многу нејасни сегменти околу поделбата на министерствата, алудирајќи дека некои министерства ќе бидат ослабени.

„Главното прашање е зошто овој системски Закон се носи по скратена постапка. Недостасува анализа на министерства, многу важен сегмент кој ќе означи како ќе функционира владата во иднина“, вели Филипче.

Тој спомена неколку примери. 

„Прво за Министерството за економија. Прашање е дали ќе се изградат капацитети во делот на енергетиката?  Министерството за економија останува ослабено“, рече Филипче.

Наместо 16, Македонија ќе има 20 министерства. Нашата земја сега ќе има повеќе министерства од некои европски држави. 

Слично

Поврзани вести