Филипче им се заблагодари на донатори на амбулантно возило
Министерот за здравство Венко Филипле на својот профил на Фејсбук им се заблагодари на донатори на амбулантно возило за потребите на охридската болница, откако го посети местото.
„Општата болница Охрид, денеска доби донација едно специјализирано амбулантно возило. Благодарност до Руски транс ДОО Охрид и Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС-Балканмедиа, кои со личен пример покажуваат дека се општествено одговорни. Помошта е секогаш добредојдена, особено кога е во прашањето здравјето на нашите граѓани“, напиша Филипче.
Тој потсети дека минатата година во Општата болница Охрид се реализирале нови 45 вработувања, со што оваа болница ги зајакнала своите капаците и како што вели тој, ги подобрила здравствените услови и услуги. Утрово Филипче ги посетил и пациентите кои се лекуваат во оваа болница и ги разгледал реновираните оддели.
