Филипче и Земај ќе разговараат за отворање на границите без услови
Косовскиот министер за здравство Арменд Земај се состана во Скопје со министерот Венко Филипче за да го разгледа безусловното отворањето на границите помеѓу двете земји.
„Секако ќе разговараме за актуелните текови со пандемијата и со справувањето. Се разбира, ќе разговараме за сите теми поврзани со здравјето. Имаме и други теми на разговор и ќе ја продолжиме соработката. Ќе направиме проценка на новата епидемиолошка состојба и врз основа на анализата и статистиката од здравствените стручњаци. На Косово, резултатите се многу добри, имаме намалување на бројот на позитивни случаи “, рече Земај, пред состанокот.
Во меѓувреме, во врска со прашањето за границите, Земај за Алсат изјави дека ова прашање ќе се реши во согласност со епидемиолошката состојба.
Исто така, ќе видиме во регионот каква е состојбата во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија и ќе им овозможиме на нашите граѓани слободно движење и полесно управување со здравствените проблеми, особено за пандемијата. Сè ќе биде решено заедно со професионалците, а условите ќе бидат во согласност со епидемиолошката состојба”, рече Земај.
