Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче и здруженијата на хронично болни се договорија: До 23.септември е рокот да добијат потврда од лекар специјалист за здравствената состојба

Филипче и здруженијата на хронично болни се договорија: До 23.септември е рокот да добијат потврда од лекар специјалист за здравствената состојба

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната средба со претставници на повеќе здруженија чии членови се пациенти со хронични болести се договориле најдоцна до 23.септември да посетат лекар специјалист и да добијат потврда дали и понатаму нивната состојба накожува да останат дома, а не да се вратат на работа.

За да не настат гужви во однос на закажувањата кај специјалистите од разни области, министерот Филипче најави дека ќе има дополнителни термини за „МојТермин“.

Министерот претходно најави дека дел од хронично болните пациенти и понатаму може да останат дома, но нема да ја користат владината мерка, односно да земаат цела плата, туку, доколку нивната здравствена состојба децидно наложува да не доаѓаат на своите работни места, ќе се водат дека се на боледување.

Владата на вчерашната седница ја донесе одлуката врз основа на препораката од Комисијата за заразни болести, вработените лица што се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи.

-Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на влошување и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување, беше наведено во владиното соопштение.

А.Б.

Слично

Поврзани вести