Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Претседателката Гордана Силјановска Давкова и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, учествуваа на хуманитарната продажна аукција на иницијативата на НУ Центар за култура „Бели Мугри” - Кочани и SupportKocani.
Вечерва во Кочани собраните средства ќе се донираат на семејствата на жртвите во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“.

Над 140 ликовни уметнички дела и уште голем број рачни изработки и литературни изданија од автори од Кочани, Виница и други градови во државата се донирани за хуманитарно-продажната изложба.

Аукцијата беше со јавно наддавање, каде што можеше да се купат уметнички дела и на тој начин да им помогнат на семејствата на жртвите и повредени во трагедијата која се случи во Кочани.

На настанот присуствуваа и пратеникот Миле Лефков, Павле Арсовски од ЗНАМ, градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, в.д. градоначалникот на општина Кочани Венко Крстевски и претставници на компании…

Слично

Поврзани вести