Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче и министрите не знаеле дека на членови на Кризниот штаб им се земени брисеви

Филипче и министрите не знаеле дека на членови на Кризниот штаб им се земени брисеви

Зошто не сме биле известени одговорот на ова прашање треба да го барате од присутните таму, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, за тоа дека не знаеле дека се земени брисеви од членовите на Кризниот штаб во Куманово.

Кажа дека доколку знаеле, можеби би било поинаку, но сепак нагласи дека со оглед на тоа што заминале во општина со многу заразени, носеле заштитни маски.

Позитивен е градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и членови на Кризниот штаб.

Куманово денес има 44 нови позитивни на Ковид 19.

Слично

Поврзани вести