Филипче и Комисијата за заразни болести ќе предложат мерки за Тетово: Нема свадби на затворено, повторно четворица на маса
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната координација со членови на Комисијата за заразни болести се договорија да се предложат предложат епидемиолошки мерки за Тетово, како би се спречило рапидното ширење на вирусот Ковид 19.
Предложена е забрана за оджрување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави, исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти да не надминува надминува 30 отсто, а на масите да не смеат да седат повеќе од 4 лица. Договорено е и да се засилат контролите за носењето на заштитни маски и да се засили теренската вакцинација.
„Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот.
