Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Граѓани ќе се вакцинираат на секои 10 минути, во Скопје во поликлиниката „Букурешт“

Филипче: Граѓани ќе се вакцинираат на секои 10 минути, во Скопје во поликлиниката „Букурешт“

Венко Филипче, министерот за здравство, денеска рече дека според националниот планот, по 2.000 до 2.500 граѓани на ден ќе се вакцираат против Ковид-19 со кинеските вакцини кои се очекува да стигнат во најбрзо време. Закажувањето ќе оди преку Мој термин, и тоа на 10 минути, а во понеделник ќе биде потпишан договорот за набавката.

- Преку „Мој термин“ ќе се анализираат податоците за лицата и преку овој систем ќе се информираат матичните лекари кои ќе ги контактираат лицата за да се утврди волјата за вакцинација. По што самиот лекар ќе ги внесе податоците и ќе чека повратна информација за тоа каде лицето односно на кој пункт ќе се вакцинира, датум и време. Следната недела ќе биде достапен и сајтот каде исто граѓаните ќе можат да аплицираат, а потоа податоците ќе се анализираат. Термините помеѓу вакцинацијата ќе бидат на 10 минути. Се очекува 2000 до 2.500 граѓани да бидат вакцинирани на дневна основа , рече Филипче.

Здравствените работници ќе се вакцинираат на еден пункт, а другите од Скопје во поликлиниката ,,Букурешт” , додека од други градови во вакциналните пунктови во градовите.Втората група се лицата на возраст од над 70 години,

Тој додаде дека е подготвен транспортот од аеродром, па сѐ до вакциналните пунктови, а подготвени се и ладните соби и комбињата за чување на температура од 2 до 8 степени.

Филипче за информациите од КОВАКС рече дека преку оваа програма за земјата се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози, но само 35 отсто од нив ќе пристигнат во првиот квартал


Слично

Поврзани вести