Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче го разреши Зибери, Стојанов на негово место

Филипче го разреши Зибери, Стојанов на негово место

Министерството за здравство информира дека е разрешен ВД Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р. Арбен Зибери.

Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.

Министерството информира дека д-р. Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје е назначен за нов ВД директор на Центарот.

Попладнево на прес конференцијата министерот Венко Филипче рече дека нема да дозволи никој д ај аполитизира работата на Комисијата за зарзани болести

„Одлуките кои ги носевме беа апсолутно стручни, никој не треба да добива политички поени за такво едно прашање, во кој целокупниот здравствен систем беше изложен на ризик. Досега беа расрешени тројца директори. Нема да дозволам никој да ја политизира ситуацијата и никој политички да поентира. Овие луѓе без прекин работат за да се заштити здравјето на граѓаните, рече Филипче.


Слично

Поврзани вести