Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче го одби Мицкоски: Техничка влада мора да има

Филипче го одби Мицкоски: Техничка влада мора да има

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција соопшти дека не го прифаќа предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за средба за консензуално укинување на техничката влада.

- Техничката влада мора да остане, затоа што власта узурпираше се. Ги стави канџите во правосудството, презема целосна контрола врз обвинителството, носи измени на Кривичниот законик спротивно од препораките на Европската Унија.Тоа го прави за заштита на криминалот на власта. Донесе резолуција за укинување на слободата на говор на опозицијата, со тоа ја загуши дополнителна демократијата и донесе Закон за полиција за целосна партизација и за бркање на професионалците.

И за сето ова во текот на утрешниот ден ќе организираме брифинг на којшто ќе ги соопштам во детали работите кои што се прават во правосудството со поднесените предлог-закони. Да не беа овие чекори, можда и можеше да се разговара, но ова е класична мафија.

Со криминалци кои се обидуваат да узурпираат се и да се спасат себеси, нема седнување на маса за техничката влада, има само одговорност., рече Филипче
Лидерот на опозициската партија наведе дека ова е сценарио и најава на Мицкоски за спроведување на предвремени парламентарни избори, кои инаку се прифатливи за СДСМ.

Слично

Поврзани вести