Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче го брани Заев - заслужувал најголема почит поради евроинтеграциите

Филипче го брани Заев - заслужувал најголема почит поради евроинтеграциите

Првиот човек на македонското здравство, Венко Филипче му дава целосна поддршка на премиерот Зоран Заев по интервјуто дадено за БГНЕС кое поттикна осуди, и вели дека тоа што тој го направил досега за ЕУ интеграциите е за најголема почит.

„Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитјеќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија. Досегашните политики на отвореност и дијалог решија децениски спорови и така мора да продолжиме“, вели Филипче.

Сепак на адреса на Заев беа упатени многу критики од историчари и политичари. 

Сопартијците не се сложуваат со ставовиве на Заев. Се бара и оставка. 

Слично

Поврзани вести