„ФИЛИПЧЕ ГО БРАНИ ИЗЖИВУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА КОН МАКЕДОНИЈА“: „Веројатно Бојко му е симпатичен во таквиот однос кон нас“ - Дафина распали за претседателот на СДСМ
По вчерашните поразувачки вести дека Македонија сепак останува пред вратата на ЕУ, се јавија лавина реакции, меѓу кои реагираше и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, а на неговата реакција се огласи и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.
„И Филипче, како претседател на СДСМ, во одбрана на изживувањето на Бугарија врз Македонија.
Христијан Мицкоски и Александар Николоски биле дрски, а Бојко му е најверојатно симпатичен во таквиот однос кон нас. Или заедничките фирми со Заев во Бугарија ги штитат македонските национални интереси?!?
СДСМ во одбрана на предавничките договори.
За среќа, народот на последните избори ја одбрани Македонија од понатамошно девастирање“, напиша таа на фејсбук.
Слично
